Секојдневно сме сведоци дека низ светот луѓето може да направат надчовечки напори да спасат куче, маче,птица. Еве како тоа изгледа во нормален свет, со нормални луѓе:

Вака кај нас:

,,Додека се боревме да го спасиме, целите во шок, некој позади ги собира труповите на веќе мртвите кучиња“-пишуваат совесни граѓани и активисти од Кавадарци.

,,На лице место требаше да се викне полиција и да изврши увид. На нашите активисти приоритет им беше животот на ова куче (Кое сега засега е живо, иако во критична состојба, имаме надеж дека ќе издржи и ќе преживее). Кога се вратија на местото каде лежеше труп за да викнат полиција – се било исчистено… КАКО МОЖЕ ТОА ТАКА??
САМО што добивме дојава за труење и во Белка зградите. ВЕ МОЛАМ ДОКОЛКУ СТЕ ТАМУ. ОСТАНЕТЕ и ВИКНЕТЕ ПОЛИЦИЈА. Или веднаш контактирајте не на тел – 078 324 088. Кога ќе имаме повеќе информации ќе споделиме.
Надлежните не реагираат, општ хаос се случува по улиците, каде секојдневно има расфрлано отрови. Чудо е како до сега дете се нема затруено.
ВО НЕДЕЛА ВО 12:30 НА ПЛОШТАД ВО СКОПЈЕ – На протест против ова лудило.
Доколку и после тој протест не добиеме позитивни реакции на нашите барања, ќе мораме да повикуваме и иницираме уште подрастични мерки.
Очајни сме и беспомошни, ама нема да се откажеме и ќе викаме на цел глас се додека некој не почне да го слуша тој глас. Ќе бараме поддршка и од светски организации, кога веќе нашиве не функционираат. Никаде во светот, ваков криминал не поминува неказнето.
Ве молам ПОДДРЖЕТЕ НЕ!“-се драматичните апели на Здруженијата за заштита на животните.

Кај нас, секојдневно сме сведоци како луѓе прават најнечовечки напори да убијат, отрујат, измачат куче. Како да се тие виновни за неодговоноста на човечкиот род и на државата. Само луѓе со нагони за убиство или со садизам во себе да гледа како некој умира во мака, може да поставува отрови и стапици за егзекуција на најдобриот пријател на човекот-кучето. Ако знае човекот како да го направи најдобар пријател, ако не и тие стануваат окрутни како дел од луѓето што не знаат да возвратат со љубов, туку со омраза.

Здруженијата за заштита на животни деновиве алармираат за масовно труење и убиства на кучиња низ Македонија!

Видеото погоре е од затруено куче во центарот на Кавадарци кај кружниот тек.

,,Е ВАКА ИЗГЛЕДА ЧЕКОР ПРЕД СМРТ НА ЗАТРУЕНО КУЧЕ.
Ова ги премина сите граници!!!“-напиша на својот ФБ профил Диме Стаменов од Кавадарци.

 

АКО.мк