Во скандалозно интервју Бекир Асани го нарекува Насер Селмани ,,копиле“ и жена

Претседателот на огранокот на ДУИ за Чаир , Бекир Асани, во скандалозно интервју за порталот ,,Мактел„ го нарече претседателот на ЗНМ , Насер Селмани, -КОПИЛЕ. На ова Саше Ивановски , кој го водеше интервјуто со Асани, се смееше. Тој не реагираше и на другите навреди кон Селмани.

,,Без да се навредите вие, ги разбирам македонските новинари, но не можам да го разберам нашето копиле(Политико се смее). Ако сакал да разбере(Селмани) што се случува можел да не контактира. Неговата објава не беше убава. И јас имам фамилија и пријатели, и заради Насер Селмани ми се пцуеше фамилијата. За заканата што му ја упатил брат ми, јас разбрав последен. Имам порака за Селмани-ако е маж и знае да навреди, тогаш треба да прифати навреда. Ако имало закана од брат ми , не треба да се плаши. Јас сум тој што треба нешто, ако треба за заканите. Не е убаво наутро да е маж, а навечер да легнува како жена. Нека биде маж и нека не оди потоа да плаче по амбасадите. Ако било тоа , да сум прифатил навреда од Насер, нека биде тогаш фитбекот и кон него од мене“-изјави Бекир Асани, нарекувајќи го претседателот на ЗНМ, Насер Селмани-ДНО.

Ова скандалозно интервју е напрравено во светло на уште поскандалозниот инцидент предизвикан од партискиот функционер на ДУИ, кој помина само со прекршочна пријава.

Денеска, имаше разговор и на Тв 24 , со цел да се оправда Бекир Асани за нападот врз полицајката која потоа тврдеше дека само се удрила од пајак возилото кое требало да го собере неговиот непрописно паркиран џип .

Асани зборуваше на албански јазик, со преведувач на македонски јазик.

АКО.мк