Во Скопје е дозволено пушење дури и во детски игротеки!

Во Скопје, како и во цела Македонија, впрочем, секаде се пуши!

По доаѓањето на власт на СДСМ пред три години, владејачката гарнитура затоа што премиерот е пушач, а на некои во власта кафанџиите другарчиња, реши да го либерализира пушењето и да не го применува Законот со кој се регулира каде може да се пуши.(забелешка и мислење на авторот)

Па така, доволно е само тоа нешто што се нарекува најлон, а всушност е застаклена украдена површина од јавното добро, да се прогласи за отворен објект, најлон, и нема да имате проблем со законот.

Не е првпат да се реагира на социјалните мрежи за детското катче во рамки на ресторанот ДежаВу, крај Капитол мол, но никој мува не го лази.

Игротека каде е дозволено пушење на возрасните кои доаѓаат како пшридружба на децата,Фото на Ида Протугер

Речиси во сите ресторани, пабови, кафулиња, буквално секаде се пуши.

,,Најлонските“ делови од рестораните се претворени во елитни катчиња, целосно застаклени, со парно затоплување, скапоцен прибор за ручање, келнери со бели ракавици…

Се пуши во просториите на Влада, на Собрание и сите други државни институции.

Се пуши во канцелариите на некои од директорите на поголемите медиумски куќи, како што сведочат за ако.мк некои новинари, па дури и во просториите на докторите и медицинските сестри по државните клиники.

Буквално секаде мириса на чад од цигари.

Овој закон беше спроведуван со години, и полека сите се навикнаа на него, но со доаѓањето на власт на СДСМ, пушењето се либерализираше, а и постојните одредби не се почитуваат, нема никаква контрола, ниту санкции за прекршителите.

Владејачката гарнитура реши да ја врати назад државата 20 години и да направи од готово вересија, и покрај поразителните бројки на смртност предизвикана од карцином на белите дробови поради пушењето!

Владата директно ја помага тутунската индустрија и кафанџиите, а уште подиректно оние што пушат и регрутира нови пушачи.

И секако, не ги почитува законите што се донесени од нивни пратеници и дозволува хаос на јавна сцена.

Секој пуши каде сака, и секој паркира каде сака, и секој фрла ѓубре каде сака…

И ова е Македонија!

Емилија Лазаревска