Во Скопје не се дише!

Утрината Скопје осамна во густа магла. Најновите податоци од мерењето на квалитетот на воздухот покажуваат многу високо ниво на PM (пи-ем) честичките кај мерните станици во Лисиче, Гази Баба и кај Ректоратот, додека  со потемно жолто или окер боја, односно високо ниво на загаденост се обележани резултатите добиени од мерењето на квалитетот на воздухот во Центар и во Карпош.

vozduh

Ова се мерења објавени на интернет страницата на Министерство за животна средина.

Но, мерењата направени и објавени на интернет страницата Мој воздух, покажуваат уште повисоко ниво на PM честички.

AQI – Air Quality Index, е нова мерка воведена во Мој Воздух која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на една станица, прикажувајќи ја загаденоста на Европската скала за Common AQI од 0 до 100. Мерка под 25 означува многу ниска загаденост, под 50 – ниска, под 75 – средна, под 100 – висока, и над 100 – екстремно висока.

Мерењата објавени на интернет страницата Мој воздух, покажуваат енормна или екстремна загаденост во поголем дел од Скопје. Лисиче 157 мерни единици! Гази Баба 118 мерни единици, Карпош 131 и Ректорат 125.

Ова загадување го предизвикаат следните причинители:
Цигари, eнергетски постојки, согорување на дрва, автомобили, фабрики, нафта.

Кога воздухот е екстремно загаден има над-нормално количество честички од овој тип.

Се препорачува-избегнување престој на  подолги периоди на отворена површина. На мали деца, стари лица и бремени жени им се препорачува да не излегуваат без посебна потреба.

 

ako.mk