Во сомнителното возило пред Американска амбасада немало експлозив

 

По контролата на сомнителното возило паркирано пред Амбасада на САД во РМ не е пронајден експлозив, иако првично безбедносните служби на амбасадата алармирале дека по направената  контрола имало реакција на траги од експлозив. Пикапот е однесен на понатамошна истрага, а во меѓувреме на интернет страницата на амбасадата  беше известено дека се во прекин телефонските линии .

Вчера попладне полициски и антитерористички сили пребаруваа и вршеа контрола во околината на американската амбасада.

Денеска се очекуваат повеќе детали околу овој случај.