Во сообраќајка во Иран загинаа 14 мигранти

Читиринаесет илегални мигранти од Авганистан загинаа, а 11 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи на југоистокот на Иран, јави иранската агенција ИНСА.

Според информациите, на патот Саравах-Каш се судриле две комбиња.

Причините за несреќата сеуште не се познати.

Оваа област е место за повремени судири меѓу полицијата и нарко-дилерите, криминалците и екстремистите од Ал Каеда.

Во сообраќајни несреќи во Иран минатата година загинале повеќе од 17 илјади луѓе, што оваа земја ја прави една од најнебезбедните за сообраќај.

Причината за големиот број сообраќајки со смртни последици се непочитувањето на сообраќајните прописи, старите возила и неадекватните служби за Итна медицинска помош.