Во Србија од денеска стапува во сила доживотната казна затвор

Во соседна Србија од денеска се воведуваат построги казни за најтешките кривични дела.

Сексуалното злоставување на деца со смртни последици ќе се казнува со доживотен затвор без олеснителни околнисти.

Пред убиството и силувањето на 15 годишната Тијана Јуриќ пред неколку години во Србија најстрогата казна изнесуваше 40 години затвор.

Но, по ова свирепо убиство таткото на Тијана ја формираше фондацијата со нејзино име и покрена акција за измена на Кривичниот закон.

Трагично починатата Тијана Јуриќ и нејзиниот татко иницијатор на измените на Кривичниот законик

Сега, казната доживотен затвор се воведува и за други тешки кривични дела како што се свирепо убиство. злоупотреба на службена положба, подривање на суверенитетот и безбедноста на државата, геноцид, но и трговија со наркотици.

Како што изјави министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, во иднина најстрого ќе се казнува насилството во семејството со смртни последици.

Во Србија секоја година десетици жени се жртви на своите насилни сопрузи или партнери.

Се зголемуваат казните за продажба на дрога на малолетници и сега максималната казна изнесува 15 години затвор.