Во Србија од 1 јуни се враќа публиката на стадионите, школските екскурзии и матурските вечери

Од утре, 1 јуни, дополнително се олабавуваат мерките согласно позитивната епидемиолошка ситуација во таа земја, изјави епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Бидејќи од утре ќе биде дозволено собирање до 1.000 луѓе, тоа ќе поздразбира дека до оваа бројка ќе може да се пушти публика на стадионите со оглед на тоа дека таму веќе се играат фудбалски натпревари.

Се препорачува одвивање на школски екскурзии во природа на територија на Србија.

Исто така ќе може да се организираат матурски забави на отворено или за средношколците и во затворени простори доколку за тоа дадат согласност родителите.