Во Србија повторно расте бројот на заразени од коронавирус

По неколкудневно намалување на новозаболени од коронавирус во Србија, денеска повторно раст на бројот, речиси дупло од претходниот ден.

114 нови случаи за едно деноноќие се регистрирани во соседната држава и два смртни случаи.

Прерано се опуштивме, коментираат епидемиолозите кои цело време укажуваа дека укинувањето на мерките и на карантинот, не значи непочитувње на превентивните мерки.

Досега во Србија се регистрирани 10.610 заразени лица и 230 починати.

Ново жариште е Врање, каде во последните 3 дена се регистрирани 52 слачаи.