Во Србија регистрирани 1.053 нови случаи на корона вирус

Во Србија изминатото деноноќие се регистрирани рекордни 1.053 нови случаи на корона вирус.

Ова е најголем дневен раст на Ковид 19 од почетокот на епидемијата.

Починале 5 пациенти, на респиратор се 39.

Тестирани биле 9.430 лица, што е исто така дневен рекорд.