Во Србија се одржува воена вежба ,,Словенско братство 2019“

Мултинационалната тактичка воена вежба со боево гаѓање, ,,Словенско братство 2019“ , која се одржува во касарната во Панчево, започна со постројување на припадниците на вооружените сили на земјите учеснички, соопшти МО на Србија.

На вежбата замислена како противтерористичка операција, учествуваат повеќе од 750 војници од Србија, Русија и Белорусија.

Командантот на Специјалната бригада на Војската на Србија, генерал Мирослав Талијан ,изјави дека составот на единиците е елитен и разновиден по својата специјалност.

,,Оваа вежба се изведува на просторот на кој припадниците на советската Црвена армија, рака под рака со народноослободителната војска на нашата земја ја водеа одлучната битка за ослободување на Банат од фашистичките окупаторски сили во 1944 година“-рече генерал Талијан.