Во Србија 11 починати и 309 нови случаи на Ковид 19

Во Србија расте бројот на починати и заразени од Ковид 19.

За едно деноноќие се регистрирани 11 починати пациенти и 309 нови случаи.

Најкритично е сѐ уште во Санџак, Нови Пазаар , Тутин и во други места, но се отвораат и нови жаришта.

Денеска во Белград е прогласена вонредна состојба и донесени се низа нови мерки.

Досега во Србија од Ковид 19 починаа 298 лица.