Во судир на автомобил со камион во Драчево загинаа 5 лица

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа која се случила во близина на бензинската пумпа на влезот на населбата Драчево во Скопје, неофицијално дознава Press24. Според неофицијални информации, три лица починале на лице место, а уште две им подлегнале на повредите на скопските клиники. Неофицијално меѓу загинатите има и малолетно девојче.

До несреќата дошло кога автомобил марка Рено, директно се судрило со камион за смет, откако возачот на автомобилот загубил контрола.

Фото: Пресс 24