Во судир на возови кај Нови Сад 22 лица се повредени

Дваесет и две лица се повредени, од кои 4 потешко во судир на патнички и товарен воз на пруга кај Нови Сад, кога при тргнување локомотивата удрила во вагон што се наоѓал на пругата. Меѓу повредените има 5 деца.

Меѓународниот железнички сообраќај Суботица -Будимпешта е во целосен прекин.

Патничкиот воз , вчера 11.01.2017 околу 19 и 30 со брзина од  25 километри на час при тргнување удри во последниот вагон од товарен воз кој се наоѓал пред него. Истрагата е во тек.