Во судир на два брода крај Дубровник двајца загинати и петмина исчезнати

Две лица загинаа , а за пет се трага по поморската несреќа што се случила  изминатата ноќ крај Дубровник.

Според официјалните информации, синоќа околу  21 и 20 службениот брод на Пристанишната капетанија Дубровник ,,Данче“, се судрул со гумен брод со непозната регистерска табличка во кој имало 9 лица угостителски работници сите со хрватско државјанство.

Несреќата се случила во момент кога службениот брод бил ангажиран да помогне во итен случај на медицински транспорт од островот Мљет.

Според последните информации спасувачки екипи трагаат по жртвите , иако е тешко да се прогнозира дали телата ќе се пронајдат со оглед на временските прилики и разбрануваното море.

Досега се спасени две лица и се пронајдени две тела.