Нема истрага во СЈО за ниту еден од предложените министри во новата Влада која треба да биде предводена од Зоран Заев, велат за Тв 24 извори од СЈО.

„Барањата од мандатарот Зоран Заев ги примивме вчера попладне. Одговорите се испратени во Собранието. Против никого од имињата што се наведени во списокот нема истрага ниту обвинение. “ велат од СЈО.

Потврдата на СЈО за новиот владин кабинет кој е предложен од мандаторот Зоран Заев веќе е доставена до Собранието на Република Македонија.