Во Теарце гласаа 402 гласачи, 312 ливчиња останаа неискористени

Прегласувањето на избирачкото место 2011 во Теарце заврши. Иако тензичен, денот на прегласувањето протече релативно мирно и без инциденти. Излезноста на ова избирачко место беше 402 гласачи. Избројани се 312 неупотребени гласачки ливчиња-информираат набљудувачите на невладината ЦИВИЛ кои се присутни на ова гласачко место целиот ден. Набљудувач на ЦИВИЛ присуствува на броењето на гласовите.

ДИК ќе ги објави првичните резултати и процентот на излезност околу 21 и 30.

АКО.мк актуелно-објективно