Во тензична атмосфера и протести се одржува судењето за прегазувањето на малиот Алмир

Со транспаренти  „Ако Бобан е луд и ние ќе полудиме“, „Националист“ и „Кукавица“, поголема група граѓани организирани од граѓанското здружение „Зери“ (Глас), денеска протестираа пред Основниот суд во Куманово.

Во Основниот суд во Куманово се одржа првото рочиште за судскиот процес  против 30-годишниот Бобан Илиќ , кој е осомничен за прегазувањето  на четиригодишниот Алмир Алиу. Немилиот настан се случи на 25 јуни лани кога заради банална расправија за ред во болницата во Куманово, дојде до инцидент меѓу таткото на Алмир и Бобан, по што, според обвинението, вториот се обидел да ги прегази родителите на малото момче, кое настрада под тркалата на автомобилот на Бобан.

Освен за убиство на малиот Алмир, Илиќ е обвинет и за обид за убиство на родителите на детето.

Фото: Портал -Кумановски муабети