Во Херцег Нови е убиен уште еден припадник на кавачкиот клан

Шќепан Рогановиќ, припадник на еден од двата озлогласени мафијашки кланови во Црна Гора, утрината е убиен во Херцег Нови, пренесува Радио Херцег Нови.

Како што известуваат црногорските медиуми, Рогановиќ е припадник на кавачкиот клан од Котор.

Тој е ликвидиран на скалите кон стариот град, а убиецот во него испукал повеќе куршуми.

Шќепан е син на Нико Рогановиќ, кој исто така беше убиен од заседа во јули 2017 година.

Помладиот брат на денеска убиениот, исто така беше мета на атентат, но тој преживеа.

Неколку години трае пресметката меѓу двата мафијашки кланови во која досега се убиени над 40 нивни припадници и водачи на клановите.

Последното такво убиство се случи минатиот месец во ресторан во Атина кога двајца припадници на Шкаљарски клан беа ликвидирани пред нивните семејства.