Во Холандија деновиве најбаран производ е марихуаната.

Како што пренесува france24.com корисниците на канабис, поитале да се снабдат со својата потребна количина за да ,,останат мирни“ и ,,спокојно да се победи епидемијата на коронавирус додека седат дома“.

Од денеска владата на Холандија воведува поригорозни мерки за справување со коронавирус, па пред да се затворат специјализираните кафулиња за продажба на марихуана, тие беа окупирани од уживатели, главно млади луѓе.

Холандската Влада издаде наредба од денеска да се затворат рестораните и другите угостителски објекти, како и специјализираните кафулиња за продажба на марихуана и секс-клубовите.

„Можеби во наредните два месеца нема да бидеме во можност да добиеме марихуана, па затоа треба е убаво да имаме одредени количини дома“, рече Џонатан во изјава, пренесува Франс24, пред кафулето „Поинт“ во Хаг.

„Мојот пријател ми се јави пред пет минути, ја слушнал информацијата на прес-конференцијата(дека ќе се затворат кафулињата) – тоа е добар пријател“, изјави тој за АФП.

Редиците се создадоа само неколку минути откако холандските министри за здравство и образование излегоа на телевизиска прес-конференција во која најавија затворање на многу бизниси, заедно со сите холандски училишта.

Слични сцени беа видени низ целата земја, долги редици пред кафулињата во главниот град Амстердам и историскиот универзитетски град Утрехт.

Додека неколку дена порано, супермаркетите беа окупирани со луѓе што се обидоа да купат повеќе тоалетна хартија и тестенини, ненадејната објава за затворање на кафулињата значеше дека има нови приоритети.

Персоналот постави посебни линии за готовина и картички, бидејќи клиентите побрзаа да нарачаат резерви на егзотично именувани сорти како „Доктор“, „Меур“ и „Виолетова Хазе“ пред да се затворат вратите.

Редиците за канабис се создадоа и покрај тоа што министерот за здравство Бруно Бруинс упати апел до холандскиот народ на прес-конференцијата во неделата, дека нема потреба од правење залихи на било каков производ.

Извор: France24