Во хотелот на Меси во Ибица ќе се организира журка само за жени

Во хотелот во Ибица кој неодамна го купи ѕвездата на Барселона, Лео Меси, во октомври ќе се организира четиридневна забава само за жени. Журката ќе биде организирана во хотелот “МиМ Ибица Ес Виве” кој од 18 до 21 октомври ќе нагости околу 9.000 жени, пишуваат шпанските и англиските медиуми.
Според пишувањата на англиските таблоиди, на забавата ќе бидат присутни лезбејки, бисексуалки и жени кои можеби се сомневаат дека се бисексуалки.
Инаку, ноќевање во овој хотел чини 550 евра, а има неколку базени, голем број  бутици и бар на врвот на хотелот.
Фото: Ел Еспанол