Во Хрватска нови 2.378 случаи на корона вирус и 23 починати

Рекордни црни бројки во Хрватска.

Во последните 24 часа се регистрирани дури 2.378 нови случаи на корона вирус, со што бројката на активни случаи достигнa 12.736. Починале 23 лица.

Од сите, 932 пациенти се на болничко лекување, 68 се на респиратор.

Хрвтаската Влада најавува нови рестриктивни мерки во борбата против ширење на Ковид 19.