Во Хрватска спасени 62 мигранти

Двајца бугарски државјани се уапсени кај Новска во Хрватска, откако полицијата пронајде 62 мигринти од Пакистан и Авганистан во товарно комбе со британски регистарски таблички.

Како што соопшти хрватското министерство за надворешни работи, сите биле во животно загрозувачка состојба и веднаш се пренесени на реанимација во болница. 32 од нив имале труење со јаглерод моноксид и смрзнатини, а останатите се згрижени на интензивна нега, хирургија и педијатрија.

Меѓу нив имало и 8 малолетници.

Сите луѓе се жртви на криумчари кои нелегално ги внеле во Хрватска и против нив се води обемна истрага за да се види со кого соработувале во текот на рутата на движење.

За два часа се згрижени сите пронајдени мигранти, а за нив се грижеле дури 22 медицински тима.

[YouTube/Radiong.hr]

Откако ќе им дадена потребната медицинска нега, мигрантите ќе бидат вратени таму од каде што дошле.