Во целиот регион расте бројката на заразени од Ковид 19, освен во Србија

Додека во Србија се објавуваат вести за стабилизирање на заразата од Ковид 19 и според официјалните податоци, се намалува бројката на заразени и на дневна основа изнесува под сто, на неколку илјади тестирани, во регионот сите земји бележат значителен раст на инфицирани, пишува Новости.рс.

Во Црна Гора последните податоци за вчерашното деноноќие говорат за 145 нови случаи од 681 тестирани и три нови смртни случаи.

Во Македонија од 1.507 тестирани, 140 се позитивни. Имаше 4 нови смртни случаи.

Во Хрватска се регистрирани 261 случаи на Ковид 19 за последните 24 час, а починале уште 7 луѓе. Напрвени се 5.690 тестови.

Во Словенија се регистрирани 105 нови случаи.

Во Босна и Херцеговина се ззбележани уште 304 нови случаи од 1.220 тестирни.

Во Унгарија е потврден нов рекорд за еден ден и тоа 916 ново заболени.

Во Романија е најтешка ситуцијата и таму се регистрирни уште 1.311 нови пациенти од Ковид 19, починале 27 за еден ден.

Во Бугарија се евидентирани 201 новозаразени.