Во Црна Гора до 20.000 евра казна за кршење на забраната за пушење

Од денеска во Црна Гора стапува во сила новиот Закон за пушење, со кој се забранува пушење во сите затворени простории и во рестораните каде се служи храна и пијалок.

За прекршителите на овој закон се предвидени ригорозни казни кои достигнуваат до 20.000 евра.

Пушењето е дозволено само во казината, а пратениците неодамна дадоа едногласна поддршка за овој закон.

Со него престанува да важи Законот за таксите, со кој се дозволуваше делови од рестораните да бидат означени за пушење, а тоа право сопствениците го стекнуваа со плаќање повисоки такси.

Од рак на бели дробови во Црна Гора годишно заболуваат 400 луѓе, а за лечење на еден пациент се потребни 70.000 евра.