Во Црна Гора се уапсени двајца новинари за објавување лажна вест

Новинарите Дражен Живковиќ и Гојко Раичевиќ, се уапсени под сомнеж дека извршиле кривично дело предизвикување паника и нереди, соопшти црногорската полиција.

Живковиќ како главен уредник на порталот ,,Борба“ и Раичевиќ како главен уредник на порталот ,,ИН4С“, објавиле иста лажна вест дека во резиденцијата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ имало голема експлозија, притоа не ја проверила веродостојноста на истата.

Тие објавиле дека во вилата Горица одекнала силна експлозија, но всушност се работи за помал дефект на електрична инсталација.

Ова е втор случај на приведување новинари во Црна Гора во последните неколку дена за објавување лажни вести .