Кинезите уште еднаш го воодушевија светот со своите неверојатни градби.

Наскоро ќе биде отворен луксузен хотел , еден од повеќето на синџирот хотели ,,InterContinental Shanghai Wonderland”, пренесува Бизнис инсајдер.

Хотелот се наоѓа во подножјето на планината Тјанмен, само на 30 километри од Шангај и е изграден во поранешен каменолом. Запуштеното место сега го краси прекрасен хотел на 18 ката, некои од нив се наоѓаат комплетно под вода, а собите имаат поглед на волшебен аквариум.

Хотелот се градел 10 години и првите гости ќе ги прими на први декември.