Во Шангај е отворен најголемиот меѓународен саем EXPO 2019

Оваа година на најголемиот меѓународен и кинески економски саем, ЕКСПО 2019 во Шангај, учествуваат најмалку 150 земји и региони излагачи, претставници на меѓународни корпорации и организации, 3.000 компании, а сите тие своите производи и понуди ги изложуваат на 400.000 квадратни метри.

Саемот е и продажен, па организаторите очекуваат стотици илјади купувачи.

Саемот е отворен и за иноваторите, па оваа година се очекуваат бројни иноватори од светот да ги претстават своите производи.

Кинескиот претседател, Си Џингпинг, на отворањето рече дека економската глобализација е реалност и тоа не може да се игнорира.

Тој најави поголема отвореност на кинескиот пазар за странските компании.

На отворањето на саемот присуствуваа францускиот претседател, Емануел Макрон, германската канцеларка, Ангела Меркел, а од регионот српската премиерка, Ана Брнабиќ.

Во шангај на ЕКСПО изложуваат и 20 српски компании.