Во Шпанија и Италија значително опадна бројот на починати од КОВИД 19

Последните 24 часа за Шпанија се најдобри на планот на борба со коронавирус по подолго време.

За првпат во последните два месеца бројот на починати е под 50 или попрецизно,регистрирани се 48 смртни случаи од КОВИД 19.

Во Шпанија од почетокот на епидемијата починаа 27.940 луѓе.

И во Италија е значително подобра состојбата.

Во последнотото деноноќие се регистрирни 156 смртни случаи од коронавирус.

Во Италија досега од оваа болест починаа 32.486 луѓе.