Во Шпанија помали плати за пушачите

Компанијата ,,Галп“ го доби процесот што се водеше пред шпанскиот суд по тужба од синдикатот поради помали плати што компанијата им ги исплаќала на пушачите.

Судот пресудил во корист на компанијата согласно новиот закон за работното време кој требаше да биде во корист на работниците.

Имено, компанијата ,,Галп“ им пресметала помали плати на пушачите кои излегувале почесто на пауза од непушачите, бидејќи секое влегување и излегување од работните места мора да се регистрира со картичка.

Така, компанијата дошла до вкупните работни часови на сите вработени, а оние на пушачите биле значително помалку од непушачите.

Како што пренесува Би-Би-Си, според измените на законот за работнички права, сите компании се должни да го регистрираат работното време на вработените заради исплата на прекувремени часови.

Сега, синдикатот ќе вложи жалба пред повисокиот суд, но компанијата го искористи овој закон штитејќи ги своите интереси од прекумерните паузи за цигара.

Во Шпанија има најмалку 10 милиони пушачи.