Во 2016 година убиени се 93 новинари, 29 загинале во авионски несреќи

Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) соопшти дека во 2016 години 93 новинари загинале во  напади во бомбардирање или вкрстен оган низ разни страни на светот, додека уште 29 ниовинари настрадале во авионски несреќи.

Во својот редовен годишен извештај новинарската федерација соопшти дека бројката на загинати новинари е помал во однос на 2015 година, кога животот го изгубија 115 медиумски работници.

Најмногу, 15 новинари загинале во Ирак, во Авганистан 13 и во Мексико 11.

И покрај намалување на смртоносната статистика, претседателот на ИФЈ Филип Лерут вели дека постои малку простор за утеха и надеж дека ќе дојде крај на безбедносните предизвици за медиумите.

Во две авионски несреќи, едната во Колумбија при уривањето на авионот во кој беше фудбалскиот бразилски тим Чапекуенсе и неодамна во Русија при уиривањето на авионот со воениот ансамбл од Москва, загинаа 20 бразилски, односно 9 руски новинари.

АКО.мк актуелно-објективно