Вработените ја исчистиле депонијата, а студентите ќе бидат избркани ако не го почитуваат редот во ,,Пелагонија“

Не е точна информацијата дека студентите сами си ја исчистиле депонијата што ја направија околу домот ,,Пелагонија“, фрлајќи ги кесите со ѓубре од своите прозорци. Депонијата вчера ја исчистиле вработените, потврди директорот на домот, Бујар Муртезани.

На заедничка прес конференција, со градоначалниците на Скопје и на Кисела Вода пред студентскиот дом, најавија дека нема да се толерира неодговорно однесување и за секоја наредна ваква или случајна ситуација, станарот ќе го изгуби правото на домување.

Пред два дена по поставена фотографија на Твитер од твитерџијата Дарко од Дојран на која се гледаше сета беда и некултура на станарите на студентскиот дом, се крена вистинска бура од критика и негодување, по што се исчисти срамот на студентите.