Димче Т., вработен во внатрешна контрола на Шумската полиција при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, попречил акција на Шумска полиција за одземање на бесправно исечена шума.

Тој им се спротиставил на шумските полицајци и не им дозволил да ја одземат шумската дрвна маса натоварена на камиони, запрежни коли и трактори , во атарот на крушевското село , Белушино.

Истата вечер , со украден жиг од ПШС ,,Липа“-Крушево, украдената дрвна маса бесправно ја легализирал.

АКО.мк