Вработен во трезорот на ,,Тутунска банка“ украл 2 милиона франци и 270.000 евра

Вчера попладне во СВР  Скопје е пријавена неверојатна кражба во трезор на ,,Тутунска банка“. Според пријавата на директорот на трезерот, четириесет годишен вработен во ,,Тутунска банка“ го ограбил трезорот на банката. Случајот во полиција го пријавил директорот на трезорот во 16:58 часот.

Од полицијата информираат дека вработението Б.С. од трезорот одзел 2 милиона франци и 270.000 евра, ги ставил во ќесе и без да биде забележан, излегол од банката.

Полицијата трага по лицето.