Врата од собата во која престојувал Боб Дилан продадена за 100.000 долари

Врата од собата во њујоршкиот хотел Челзи во кој престојувал американската музичка легенда Боб Дилан е продадена на аукција за сума од 100.000 долари, пренесуваат американските медиуми.Според нив, вратата на собата на Дилан е само една од педесетите врати во хотелот каде одседнувале многу ѕвезди.

Инаку, хотелот кој е изграден во 1880 година е собиралиште на генереции успешни пеачи, писатели и боеми. Во 1966 зградата е прогласена за заштитен знак на Њујорк, а продадена е на група инвеститори во 2016 година.  Резервирање на собите е укината во 2011 година, но мала група на долгогодишни станари и понатаму живеат на повисоките спратови на хотелот, додека во исто време во тек се работите на реновирање на зградата.