Вратени старите началници по заминувањето на Чулев од МВР

На вчерашната седница Владата го прифати барањето на министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, за поништување на решенијата за распоредување и наредбите за извршување на работни задачи кои ги донесе претходниот министер Наќе Чулев, бидејќи се донесени спротивно на Законот за Влада и на подзаконските акти во Министерството за внатрешни работи и на членовите 106, 107 и 154 од Законот за внатрешни работи и на членовите 36, 37, и 38 од Колективниот договор на МВР, соопшти Влада на РСМ.

Со оваа одлука на Владата се поништуваат 20 решенија за распоредување и наредбите за извршување на работни задачи, донесени од 11 јуни до 24 јули 2020 година, со што работниците ќе се вратат на претходните работни места на кои биле распоредени.

Владата го поништи дисциплинското решение со кое му беше одредена паричната казна на Зоран Ѓорѓиевски, советник на поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Ѓорѓиевски, на денот на изборите, вербално и физички го нападна Зоран Талев, началник на Единицата за безбедност во сообраќај во СВР Тетово.По поништувањето на решението, дисциплинска комисија треба да спроведе нова постапка и да се определи соодветна мерка за постапката на Ѓорѓиевски.

Во меѓувреме се разрешени сите членови на дисциплинската комисија и се именувани нови.