Врачена Нобеловата награда за книжевност на австрискиот писател Петер Хандке

Бројните протести и бојкотот од балканските земји, меѓу кои и на Македонија, не ја попречија свеченоста во Стокхолм на која шведскиот крал му ја врачи Нобеловата награда за книжевност на австрискиот писател, Петер Хандке.

Оваа награда е рамноправно врачена и на полската писателка Олга Токарчук.

Доделувањето на оваа награда поради политичките ставови на Хандке за случувањата во Сребреница, случувањата на Косово и неговата поддршка на Слободан Милошевиќ, го бојкотираа Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Турција, но и Македонија.

За време на врачувањето на Нобеловата награда за книжевност, во Стокхолм се одржаа протести.

Извор:агенции, фото,ЕПА