Врачена првата донација од НР Кина

Благодарност до Народна Република Кина и амбасадорот Џанг Ѕуо за донацијата од 30.000 евра, упати денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

,, Овие средства ќе бидат искористени за набавување на опрема за справување со КОВИД-19 за здравствените работници и епидемиолозите. Опремата ќе биде добредојдена за деновите кои претстојат при извршувањето на работните обврски во јавно-здравствените установи“-објави Филипче.

На 18. април се очекува да пристигне и дополнителна опрема од Н.Р. Кина – маски, каљачи, ракавици, реагенси, заштитни очила и скафандери.