,,Врба“ премиерно прикажан во Скопје,во публиката претседателот Пендаровски,обвинителките Ристоска и Фетаи, министри и љубители на филмот

Вчера, 1 ноември,во Скопје во салата на македонска Филхарменија, беше официјалната премиера на новиот филм на Милчо Манчевски,,,Врба“.

Светската премиера на филмот беше во Рим, а македонската филмска публика , покрај официјалната премиера, можеше да го проследи филмот и во еколкуте кино сали во Синеплекс.

На премиерата дојдоа и преседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска.

Претседателот Пендаровски и неговата сопруга на премиерата на ,,Врба“

,,Шестиот долгометражен филм на режисерот Милчо Манчевски, по десетина дена од светската премиера поаѓа во освојување на домашната публика. Сторијата за мајчинството, љубовта и довербата е врвно уметничко дело и како што вели самиот автор, знае да те допре, расплаче, насмее или налути.
Честитки до маестро Манчевски и актерската екипа! “-апиша Пендаровски на ФБ.

На премиерата во Македонска Филхармонија беа присутни бројни јавни личности.

Во публиката обвинителките Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи, министерките Рената Дескоска и Нина Ангеловска…

Режисерот Милчо Манчевски беше задоволен од полната сала на премиерата.

,,Врба“ ќе се прикажува во Синеплекс во Скопје и во неколку градови низ Македонија.