Времеплов за оние кои не знаат што беше Југославија(видео)

Историските датуми поврзани со СФРЈ -Социјалистичка Федеративна Република Југославија, како што е денешниот 25 мај, кој тогаш се славеше како Ден на младоста и се одбележуваше со носење штафета и голем младински слет во Белград на кој штафетата му се предаваше на доживотниот претседател Јосип Броз Тито, будат сѐ повеќе емоции и носталгија кај Југословените.

Ова условно кажано, како синоним за тие што се родени во поранешна Југославија и паметат како се живееше тогаш.

Југословеенскиот социјализам, кој беше многу поблага варијанта на комунизмот, по смртта на Тито наиде на остри критики од западот како еднопартиски и недемократски систем , стана цел на уништување и на националистичките идеи за формирање на посебни држави од шестте републики. Што практично и се случи, за жал со крвава војна во Босна и Херцеговина.

Но, Југославија се памети и по големината и авторитетот што ја имаше оваа земја во светот. Пред сѐ заради политичките способности на Маршалот Тито, кој беше пречекуван со овации насекаде во светот.

Еве еден таков пречек во Египет од страна на тогашниот претседател Гамал Абдел Насер во 1970 година.

Југославија не припаѓаше на ниту еден воен политички блок, НАТО и Варшавскиот пакт, овој последниот предводен од СССР во кој влегуваа комунистичките земји од југоисточна Европа, но не и СФРЈ.

Тито беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, блок во кој влегуваа така наречените земји од третиот свет. Со ова, тој практично беше величан во неврзаните земји, Африка и Блиски исток, но подеднакво почитуван на запад и на исток.

Југословенскиот пасош беше еден од петте најценети во светот и со него секаде се патуваше без виза.

Како што спомнав на почетокот, датумите од историјата на Југославија, сега сѐ повеќе будат носталгија кај тие што имале среќа да живеат и во еден ваков систем, па можат да направат споредби.

Социјалните мрежи се преполни со страници кои се базираат на сеќавања за Југослаавија.

Луѓето како само да чекаат некој пригоден датум од тоа време, за да постираат некое сеќавање, фотографија, песна или видео со соодветна содржина.

Еве , меѓу другото, како се славеше 25 мај во 1985 година, пет години по смртта на Тито. Сѐ уште се пееја песни за Југославија и за Тито.

Во центарот на Белград:

Лепа Брена беше своевиден југословенски феномен. Постоеше општа еуфорија по неа, каде и да се појавеше.

Нејзините југословенски песни прават метеж и неколку децении подоцна. Песната ,,Југословенка“ на концерт во Белград 2011 година.

Но, југословенството добива свои приврзаници и кај младите. Во очи Денот на младоста, крај Загреб беа запалени логорски огнови.

Секому е јасно дека Југославија е минато, историја. Сепак, враќањето во минатото и потсетувањето на позитивните работи од тоа време, како што се безбедност и безгрижност, се само показател дека многу од граѓаните не се задоволни во своите држави, формирани по распадот на Југославија .

Речиси по 30 години откако не постои оваа земја, и подолгиот период на негирање дури и на позитивните придобивки од тоа време, се чини конечно временската дистанца ги поставува историските настани на местата кои ги заслужуваат. И добрите и лошите сеќавања.

Емилија Лазаревска (ако.мк)