Времето денеска

Времето денеска ќе биде облачно и магливо наутро, ведро во текот на денот.

Сосема мала облачност, претежно во околината на планините во западниот регион се очекува во среда наутро и претпладне. Слабо котлинско „замаглување“ рано наутро е можно во котлините од западниот регион, а истото ќе биде краткотрајно. Попладне ќе биде ведро низ целата земја.

Утрото повторно ќе биде релативно студено, со слична температура како и претходните два дена. Минималната ќе има вредности помеѓу 5°С и 8°С во поголем дел од котлините, околу 2°С во малешевијата и околу 10°С на југоисток.

Денот ќе биде релативно топол. Максималната температура низ котлините во источниот регион ќе има вредност 21°С и 24°С, на запад помеѓу 18°С и 22°С, а на југоисток до 26°С.

Скопскиот крај очекува претежно ведро време со мала облачност. Минималната температура ќе има вредност околу 6°С, а максималната околу 24°С.

Извор:Метеопро