Вртоглаво расте продажбата на книгите на Дилан

Продажбата на книги на популарниот музичар Боб Дилан откако ја доби Нобеловата награда за книжевност расте со неверојатни тиражи. Според AP мемоарите ,,Хроника1″ и компилацијата ,,Песни” вчера (13.10) биле најпродавани на интернет преку страницата за продажба Амазон.

Неговите книги се искачија за 73.543 места на листата најпродавани и сега се наоѓаат на 209 место.

По добивањето на Нобеловата награда, Дилан одржа концерт , но нити ја спомна наградата , ниту даде интервју.

Одлуката Дилан да ја добие наградата за книжевност беше пофалена, но и критикувана токму од писателите и луѓето од светот на книжевноста.