Врховен суд ги одби жалбите, Јанкулоска оди 4 години во затвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 17 септември 2020 година, одлучи по предметите заведени под КВПКОК2КВПбр.6/19 и КВПКОК2КВПбр.7/19, кои се оформени по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска.

Со донесените пресуди Врховниот суд на Република Северна Македонија ги одби поднесените барања на осудените, поднесени лично од нивна страна и преку нивните бранители и ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје.

Ова значи дека од овој момент тече првосилноста на пресудата и дека поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска треба да се јави на издржување казна затвор во траење од 4 години.

Јанкулоска со првостепена пресуда беше осудена на 6-годишна казна затвор, а Апелација и ја намали казната на 4 години.

Таа се гонеше по обвинение на СЈО, за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 580.000 евра. За истата набавка беше осуден и екс премиерот Никола Груевски, но тој избега во моментот кога требаше да влезе во затвор.

Во затвор веќе се наоѓа Ѓоко Поповски.