Врховен суд ја спаси Јанкуловска од затвор, на дневен ред и Груевски

Петчлениот кривичен совет на Врховниот суд на чело со претседателот Јово Вангеловски донел одлука ексминистерката за внатрешни работа Гордана Јанкулоска, да не оди во затвор на 1 јули, како што одлучи судија за извршување санкции од Кривичниот суд.

Усвоено е нејзиното барање почетокот на отслужување на затворската казна во предметот „Тенк“ за местење на тендерот за набавка на луксузниот мерцедес да се одложи до вонредното преиспитување на пресудата за нејзината казна од 4 години затвор, објави порталот СДК.

Истиот петчлен кривичен совет го активирал барањето од пребеганиот Никола Груевски, кој исто така е осуден на две години затвор во истиот предмет ан СЈО „Тенк“.