Врховен ја укина одлуката на Апелација за притворот на Талески

Врховен суд ја уважи жалбата на СЈО за укинување на домашниот притвор на градоначалникот на Битола Владимир Талески и предметот го врати на повторно одлучување.

Во соопштението се вели:

,,Во Врховниот суд на Република Македонија е заведен предмет Вкж 1 бр.21/2016 по повод жалба против Решението на Апелациониот суд Скопје Ксж бр.431/16 од 19.09.2016 година со кое е одбиен предлогот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за продолжување на мерката куќен притвор за лицето Владимир Талевски.
Поднесената жалба е уважена, а Решението на Апелациониот суд Скопје е укинато и предметот е вратен на повторно постапување”.

Кривичниот суд одреди куќен притвор за градоначалникот на Битола, Владимир Талески, на 16 јуни, а по барање на СЈО мерката му беше продолжена во два навратa. На 19 септември Апелациониот суд го укина куќниот притвор за Талески, и одреди мерка на претпазливост, односно двапати неделно тој да се јавува во Основниот суд во Битола, на што СЈО се жалеше до Врховниот суд.

Талески е првоосмничен во случајот „Транспортер“ на СЈО, во кој заедно со уште 22 лице се товарат за злоупотреба на 360 илјади евра буџетски пари за училишниот превоз во Битола.

.