Врховниот суд го одобри новиот Закон за мигранти на претседателот Трамп

Врховниот суд на САД, даде виза за новиот Закон за мигранти на претседателот, Доналд Трамп, со кој, меѓу другото, ќе се намалат молбите за азил на американско-мексиканската граница.

Според овој закон,мигрантите кои ќе бараат азил,првин мора да пронајдат сигурен претстој во некоја трета земја низ која поминувале до границата меѓуМексико и Америка.

Судот дозволи законот да стапи на сила ,иако се во тек некои судски постапки за такви случаи.

Според Ројтерс, ваков вид на одредби го прават миграциски закон на Трамп прилично тврд и ригорозен, а против гласале двајца од врховните судии кои се сметаат за најлиберални во Врховиот суд.

Тоа се врховните судии Соња Сотомајор и Рут Баден Гинсбург