Врховните судии по вторпат му рекоа НЕ на Јово Вангеловски

Мнозинството врховни судии не го поддржа рефератот со кој ќе се отвореше простор за укинување на притворот на Сеад Кочан, неофицијално дознава Алсат-М.

Иако требаше да се разгледува, претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски ја повлекол и другата точка на дневниот ред, со која требаше да се забранат  сите прислушувани разговори како доказ во судска постапка. Засега не е познато кога, но и дали оваа точка повторно ќе се најде на дневниот ред.

Претседателот на Врховен суд Јово Вангеловски откако по вторпат седна на ова место, сета своја енергија ја вложува во миникрање на работата на СЈО.