Второто полугодие почнува на 23 јануари

Наместо на 18-ти, второто полугодие од учебната 2016/2017 година ќе започне  на 23 јануари 2017 година. Министерството за образование и наука ја прифати мерката предложена од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести да се пролонгира зимскиот распуст за да се избегне опасност од ширење на грипот.

Ова на прес конференција го објави  заменик-министерот Спиро Ристовски, кој рече дека одлуката е донесена зарди превенирање на ризиците од грип, а МОН  денеска ќе ги извести сите училишта во државата.

Двата дополнителни дена од зимскиот распуст, 18-ти и 20 јануари 2017, учениците ќе ги одработат во сабота, најверојатно во март и во април, за да се исполни вкупниот фонд од 180 наставни денови во учебната година.