Втор развод на Борис Бекер

По девет години брак, германската тениска легенда, Борис Бекер, се раздели со својата сопруга, 41-годишната Лили Бекер.  После 13 години врска и девет години брак, холандскиот модел и контроверзнзиот Бекер мирно се разделија, а за тоа ја информираа јавноста пред адвокатот на Германецот.

„Не беше лесно да се донесе оваа одлука. Најважната работа за двајцата клиенти е нивното заедничко дете“, откри адвокатот на тенисерот кој го води овој случај.

Поранешниот тенисер и убавата манекенка го имаат синот Амадеус, за кој и понатаму заедно ќе се грижат. Двајцата се венчаа во јуни 2009 година во Швајцарија и истиот месец објавија дека го очекуваат своето прво заедничко дете.

Претходно, Бекер  беше женет со Барбара Фелтус со која има две деца, синовите Ное (24) и Елиас (18). Борис има и 18-годишна ќерка Ана Ермакова од претходна врска со моделот Анџела Ермакова.