Неколкумина пожарникари на градот Вуковар во Хрватска не се двоумеа да одговорат на повикот на сопственикот на кучката Леа, која пропадна во реката Вука, откако мразот се скрши под нејзините нозе. Хрватската јавност е воодушевена од постапката на пожарникарите, а за неполни 12 часа видеото е прегледано повеќе од 200.000 пати.